Ван Дер Белен: ќе ги браниме нашите слободи и демократија со сите средства

Сподели со своите пријатели

Австрија ќе знае да ги одбрани демократијата и слободата, изјави синоќа австрискиот претседател Александар ван дер Белен, по вооружениот напад во центарот на Виена.

Loading...

Ван дер Белен на Твитер напиша дека е длабоко погоден од терористичкиот акт и сочувствува со жртвите и повредените, како и со нивните семејства.

– Заедно и одлучно ќе ги браниме нашите слободи и демократија со сите средства, истакна Ван дер Белен. Тој додаде дека е во постојан контакт со Владата и им се заблагодари на сите странски лидери за пораките за солидарност и сочувство.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply