Уште една жртва во терористичкиот напад во Виена

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, синоќа изјави дека уште едно лице починало како резултат на повреди здобиени во терористички напад во центарот на градот.

Loading...

– Освен еден маж, и една жена им подлегна во болница на повредите здобиени во нападот, изјави Лудвиг за ОРФ.

Покрај двајца цивили, убиен е и напаѓачот, кој кај себе имал автоматска пушка, пиштол и мачета.

– Тоа укажува дека тој се подготвувал за овој напад, додаде тој.

Што се однесува до појасот што го имал околу себе, за кој се сметаше дека е експлозив, Лудвиг рече дека е утврдено дека станува збор за лажен појас за бомби. Тој додаде дека полицијата во моментов го проверува идентитетот на убиениот напаѓач, врз основа на што смета дека ќе биде утврден мотивот.

Хоророт во Виена низ фотографии и видеа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Златко Шумковски

Leave a Reply