Напаѓачите во Виена пукале кон луѓето во баровите

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, вечерва објави дека напаѓачите во центарот на Виена пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата.

Loading...

– Пукано е во луѓето во баровите, особенокон оние кои седеле во бавчите“, рече Лудвиг, додавајќи дека е запрепастен од нападот.

Тој истакна дека постои тесна соработка меѓу полицијата и градските власти и организации со цел да се пронајдат напаѓачите.

Градоначалникот информира дека еден од напаѓачите е убиен и дека се проверува неговиот идентитет, како и дека се проверуваат информациите дека носел појас со бомба.

Лудвиг рече дека меѓу убиените има и еден цивил и дека има 15 ранети.

Двајца загинати и повеќе ранети во нападот во Виена (ВИДЕО)

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply