Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел вели дека е шокиран и погоден од веста за вечерашниот напад во Виена и им порача на своите граѓани на Виена дека Европската унија е покрај нив.
Loading...
„Ова е кукавички чин на насилство и омраза“, напиша Бореj на Твитер.
Тој изрази сочувство до жртвите во нападот, нивните семејства и сите граѓани на Виена.
За време на вечерашниот напад во центарот на Виена загинаа еден минувач и еден напаѓач, а повеќе лица се повредени, потврди полицијата.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека вечерва во центарот на Виена се случи терористички напад и дека најверојатно има мртви и поголем број ранети.
Пандорка Арсовска-Гацова