Во очекување на тајфун на Филипини наредена евакуација на илјадници луѓе

Сподели со своите пријатели

Филипинските власти наредија евакуација на илјадници жители на јужните делови на островот Лузон затоа што на тој дел од територијата на Филипините се приближува бура од категорија 5, најсилна регистрирана во светот оваа година.

Loading...

Тајфунот Гони, проследен со ветрови со над 215 километри на час, се очекува утре да ги погоди Филипините како најсилна бура од 2013 година, кога тајфунот Хаијан уништи дел од таа островска држава и усмрти повеќе од 6.300 луѓе.

Минатата недела 22 лица загинаа во налет на тајфунот Молави, што ги погоди и поплави областите јужно од главниот град Манила, која според експертите е на патот на силниот тајфун Гони, 18-то тропско невреме оваа година на Филипините.

Златко Шумковски

Leave a Reply