Јапонскиот експериментален „шинкансен“, односно возот „куршум“, изврши пробно возење, а неговата брзина од 382 километри на час што ја доживеаја новинарите на локалните медиуми.
Првиот тест на новиот воз наречен „Алфа Х“ го изврши железничката компанија „Источна јапонска железница“, а брзината што ја постигна беше 382 километри на час.
ЈАПОНИЈА: Возот тргнал 20 секунди порано, компанијата им се извини на сите
Ова е прва пробна патека на возот, чиј развој беше завршен во мај 2019 година.
Инаку, овој воз достигнува максимална брзина од 400 километри на час.
Тест-возењето беше успешно изведено на линијата Тохоку Шинкасен, која ги поврзува префектурата Токио и Аомори. Возењето помеѓу станиците Сендаи и Мориока трае обично 75 минути, а со „шинкансен“ траело само 40 минути.
Патем, откако бил завршил, возот „куршум” не стоел само паркиран. Ова било прво тест возење, но пред тоа биле извршени тестови со десет вагони без патници со брзина од 360 километри на час. Овие тестови собрале важни податоци потребни за понатамошен развој.
Возовите во Јапонија моментално достигнуваат брзина до 320 километри на час, но една од главните разлики помеѓу новиот воз и постојните се специјално дизајнираните предни и задни вагони.
Тие се направени за да се прилагодат на разликите во јачината и насоката на ветерот. Кога возот се упатува кон север, тој користи преден вагон долг 22 метри, кој е седум метри подолг од другите во серијата Е5. Исто така, при движење кон југ, тој користи 16-метарски преден вагон.
До 2050 во Јапонија нема да има штетни гасови
Системот за сопирање на возот „Алфа Х“ се наоѓа на покривот, како и новиот систем на електромагнетна отпорност. Целиот систем на сопирање е значително подобрен. Со цел патниците да бидат што покомфорни за време на толку големи брзини, системот за амортизација е подобрен, што ги намалува хоризонталните и вертикалните вибрации на минимум.
Јапонските новинари кои имаа можност да се возат со овој супер брз воз, тврдат дека со брзина од 320 километри на час, работата на моторот не се слуша, но со брзина од 360 и 380, сè уште се слуша.
https://youtu.be/yldPHBQkl6E