Лидерите на ЕУ: Нападите во Франција се напади врз нашите заеднички вредности

Сподели со своите пријатели

Лидерите на ЕУ во заедничката изјава ги осудија нападите што се случија денеска во Франција, наведувајќи дека се работи за напади врз заедничките европски вредности.

Loading...

– Ние, европските лидери, сме шокирани и тажни поради терористичките напади во Франција, се вели во писмената изјава на Европскиот совет.

Лидерите на ЕУ27 нагласуваат дека се обединети и солидарни со Франција, нејзиниот народ и Владата, во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

– Ги повикуваме лидерите ширум светот да работат на дијалог и разбирање, а не на поделби меѓу заедниците и религиите, се вели во соопштението.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply