Министерот за внатрешни работи на Белорусија, Јури Карајев синоќа изјави дека власта нема да се двоуми да употреби боева муниција против демонстрантите, ако биде неопходно за да се задушат протестите поради реизборот на Александар Лукашенко.
Loading...
Тој додаде дека полицијата за време на протестите била премногу толерантна кон демонстрантите и најави пожесток одговор.
Карајев истакна дека голем број полицсајци се повредени за време на протестите.
Протестите во Белорусија траат од 9 август, откако Лукашенко беше реизбран за претседател, а опозицијата тврди дека изборите се фалсификувани и бара негова оставка.
Марина Илиевска