Жител на Албанија бил приведен на Табановце, откако службениците откриле дека пасошот не е негов, а потоа му пронашле и прашкаста материја.
Loading...
– На 14.10.2020 во 12.30 часот на граничниот премин „Табановце“ бил приведен В. О.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека употребил туѓа патна исправа. После тоа, полициски службеници извршиле личен и преглед на личниот багаж, при што пронашле бела прашката материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски