Германија ќе воведе построги локални мерки против ширењето на коронавирусот, објавено е после состанокот на канцеларката Ангела Меркел со 16 лидери на германските покраини.
За првпат од април, Германија регистрира повеќе од 5.000 нови случаи за еден ден, при што Меркел во Берлин се состана со 16 премиери со кои се договори на кој начин да се борат против новиот бран на пандемијата.
Германците планираат да ги засилат мерките во сите области со помеѓу 35 и 50 случаи на 100.000 жители, со цел бројката да се намали на помалку од 35 заразени.
Тоа може да значи дека Германија ќе биде многу погодена од новите рестриктивни мерки. Многу помал број луѓе ќе можат да присуствуваат на јавен или приватен собир, рестораните ќе затвораат порано, а маските ќе се носат и на отворено.
Владата ќе продолжи да ги поддржува компаниите кои се сериозно погодени од пандемијата, се додава во нацрт законот кој произлезе од состанокот.
Јасмина Тасевска