Секој втор граѓанин на Белгија е загрижен за човековите права поради пандемијата

Сподели со своите пријатели

Анкета на невладината организација Амнести Интернешнл открива дека половина од граѓаните на Белгија се загрижени за последиците од санитарната криза врз нивните основни човекови права, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Loading...

Повеќе од половина сметаат дека последиците ќе бидат негативни, додека 43 отсто сметаат дека најнегативни последици ќе претрпи слободата на движење, а 37 отсто стравуваат за точноста на информациите што ќе ги добиваат. Триесет и пет отсто од граѓаните се загрижени дека властите ќе преземаат неоправдано вонредни мерки, објавува Амнести.

Според истражувањето, над три четвртини од населението ги почитува мерките за спречување на пандемијата, како што е носењето на заштитна маска.

Директорот на организацијата, Филип Хенсманс, порача дека рестриктивните и вонредни мерки мора да останат ограничени во време и стриктно пропорционални, и дека неговата организација ќе продолжи да ги набљудува одлуките и мерките на властите додека трае кризата.

Тања Милевска, Брисел

Leave a Reply