Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Сподели со своите пријатели

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 36.562.626 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.062.952 пациенти, а оздравеле 27.517.395 луѓе.

Loading...

-Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 436 нови случаи на Ковид-19, зголемен број во споредба со изминатите денови, со што вкупниот број заразени се зголеми на 21.381 лица. Во изминатото деноноќие од коронавирусот починаа уште шест лица, вкупно 430 од почетокот на епидемијата.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти 21 нов случај на Ковид-19, односно 1.918 од почетокот на епидемијата.
-Во Косово во последните 24 часа не почина ниеден заразен од Ковид-19, така што бројката на жртви на епидемијата останува 638. Вчера се регистрирани 33 новозаразени и 46 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен вкупно кај 15.971 лице, од кои како излекувани се водат 14.189 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.144 лица. Вчера се извршени 711, а од почетокот на пандемијата 73.287 тестирања со методот РТ-ПЦР.
– Бројот на новозаразени со вирусот во изминатите 24 часа во Франција е зголемен за 18.129, соопштија денеска француските здравствени власти. Ова е втор ден по ред како бројот на новозаболени ја надминува бројката од 18.000 и е само нешто помалку од рекордот поставен во средата – 18.746.

– Бројот на новозаразени со вирусот е зголемен во изминатите 24 часа во Италија за 4.458, објави италијанското Министерство за здравство. Ова е првпат бројот на новоинфицирани да надмине 4.000 од средината на април. Дваесет и две лица починаа во изминатите 24 часа, што е помалку од претходниот ден кога бројот на смртни случаи беше 31. Италија беше првата земја во Европа погодена од вирусот, имаше најголем број на смртни случаи по Велика Британија на европскиот континент – 36.083 и вкупно 338.398 заразени.

Златко Шумковски

Leave a Reply