Џени Вилсон уживала во својот дом во округот Александер каунти, Северна Каролина со пријателите и семејството, кога неповикан гостин упаднал во куќата.
– Забележав змија во една од собите откако играв карти со пријателите и семејството. Синот ја отвори вратата да пушти воздух и верувам дека тогаш влегла во него. Никогаш не сакав змии, но кога ја видов, срцето ми се скрши – рекла Џени, пишува Мирор.
Сонувавте змија? Еве каква порака ви испраќа потсвеста!
Имено, змијата имала две глави, а таквите змии се раѓаат една на 100.000. Џани веднаш се смилувала на животното.
– Не знам ништо за змиите, но знаев дека не е отровна. Јас и реков „никој нема да те повреди“. Сакав да ја однесам некаде на сигурно – рече таа.
Таа ја нарекла змијата „Двојна неволја“ и ја однела во научен центар во Хикори каде открила дека нејзината змија е вистинска реткост.
КОШМАР: Го каснала змија додека седел на ВЦ школката (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)
„Ми рекоа дека имала четири месеци и е во добра здравствена состојба. Ја ставија во нивниот сопствен терариум, а таа веднаш влезе под каменот како да е нејзиниот дом – рече Џени Вилсон.