Откриено вселенско чудовиште: Во својата орбита заробило шест галаксии (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците од Јужноевропската опсерваторија открија дека супермасивна црна дупка „заробила“ дури шест галаксии во нејзината орбита.

Loading...

Таа црна дупка се формирала помалку од милијарда години по Големата експлозија.

Може да се види со голо око: Откриена црна дупка најблиска до Земјата

Во студија објавена во четвртокот, Европската јужна опсерваторија (ЕСО) детално опиша застрашувачки голема црна дупка, со милијарда пати поголема маса од нашето Сонце, што успеало да „фати“ цели галаксии на планети и sвезди.

Црната дупка и дискот на материјата околу неа се попознати како квазар SDSS J103027.09 + 052455.0.

Марко Мињоли, астроном во Националниот институт за астрофизика (INAF) во Болоња, го спореди начинот на кој црната дупка ги „заробила“ овие шест галаксии со начинот на кој функционира пајаковата мрежа, составена од „космички нишки“ од гас и темна материја.

Што би се случило во случај Земјата да се судри со црна дупка?

– Филаментите на космичката мрежа се како нишки од пајак… Галаксиите стојат и растат каде што се пресекуваат нишките, и „потоци“ гасови – кои ја хранат галаксијата и црната дупка течат по должината на филаментите – рекол Минџоли, кој го водел истражувањето

Loading...

Се верува дека најраните црни дупки во Универзумот се создадени со распаѓање на првите sвезди, но сè уште не е јасно како тие пораснале во толку неразбирливи големини.

НАСА го сними моментот кога црна дупка проголта ѕвезда (ВИДЕО)

 

Leave a Reply