Младиот Малезиец се изненадил оваа недела кога на телефонот што исчезнал за време на викендот, пронашол фотографии кои личат на селфи на мајмун.
Закирд Родзи (20) на социјалната мрежа ТикТок напиша: „Мојот телефон исчезна два дена и мислев дека некој го украл, но погледни кој. Ова мало мајмунче го украло телефонот што беше покрај креветот“ .
Закридз рече дека открил дека неговиот телефон недостасува во саботата наутро, а семејството извршило претрес во градината на куќа во Бату Пахат во Јохор, јужна малезиска провинција која се граничи со Сингапур.
Еден ден подоцна, тој го открил телефонот со кал, препокриен со лисја и серија фотографии кои наликувале на мајмун, кој се чинеше дека во еден момент се обидел да го изеде „Ајфонот“- чие лого на јаболкото можеби го збунило крадецот.