62-годишна женка од лаптост питон, која живее во зоолошка градина во американскиот град Сент Луис, се најде во центарот на своевидна мистерија откако изведе седум јајца, иако не била во близина на мажјак од ваков вид најмалку две децении.
Според лондонски Гардијан, трите јајца биле ставени во инкубатор, во две младенчиња не преживеале, а преостанатите две биле искористени за генетско земање мостри за да се утврди како настанало оплодувањето.
A 62-year-old ball python laid seven eggs without being around a male python for at least two decades. 🐍🐍 https://t.co/w4xYOqlVZ7
— FOX 13 News Utah (@fox13) September 11, 2020
Еден американски експерт во оваа прилика изјави дека, иако е невообичаен феномен, не е невообичаено питоните од лаптост вид да се размножуваат асексуално, а женките од овој вид змија, исто така, понекогаш ја чуваат спермата од мажјаците за последователно оплодување.