Во градот Свонси во Велс се одржа свадба за која многу се зборува откако видеото од невестата заврши на „Редит“.
Во еден момент, невестата и младоженецот се борат на подот со еден од гостите на венчавката, додека на видеото се гледаат и останатите гости на венчавката кои се здобиле со повреди.
Лутата невеста на видеото се обидува да го собори мажот, додека другите безуспешно ја тргаат од него, додека луѓето во позадина ја повикуваат полицијата.
Додека снимателот кружи околу сцената на борбата, на ливадата една од гостинките може да се види во бесознание, но никој не ѝ обрнува внимание. Тоа е, како што е напишано, другарка на невестата која се напила па се онесвестила.
– Ако ова е свадба, замислете како ќе изгледа разводот – вели еден од коментарите.
https://youtu.be/A2_yTzWSHeA