Дечки мои, позитивна сум на тестот за Ковид-19. Моите луѓе, пријатели со кои бев во контакт се информирани. Се одјавувам на 14 дена. Се надевам дека сте добро и дека се чувате. Ова го напиша пејачката Ивона Јовановиќ (24) од Куманово, која од средата почнала да ги чувствува симптомите, а во петокот направила тест, кој покажал дека е позитивна.
https://www.instagram.com/p/CEyiHVCnb1S/?utm_source=ig_embed
-Без мирис, без вкус, со температура до 38,9, кашлица, малаксаност. Во средата почна се. Бев во контакт со заразно асимптоматско лице, со другарка ми. Таа прво беше кај мене, потоа отидовме на мој настап и тоа беше целиот контакт. По четири дена почнаа симптомите. Во петокот се тестирав, а денес стасаа резултатите. Другарка ми се тестираше во понеделникот, откако и кажаа дека имала конртакт со заразено лице. Но ниту тогаш, ниту сега нема никакви симптоми. Но, тоа е. Јас не се грижам за мене, се грижам за мајка ми. Пред две години ги оставив цигарите и супер ми се белите дробови. Мајка ми и брат ми се во изолација, секој во посебна соба сме. Блиски од семејството ни носат храна. Лежам, земам витамини, гелови и чекам да помине, вели Ивона, а пренесува ММС.