Видеото од два градски автобуси што буквално се тркаат низ улиците на Бангкок, преминуваат во спротивните ленти и неколку пати речиси удираат од страната во автомобили, се шири на социјалните мрежи.
Loading...
Очигледно целта на разбеснетите возачи била први да стигнат до следната станица за да соберат што повеќе патници, но дивеењето на патиштата им ги уништил плановите, бидејќи сите патници буквално избегале од автобусот. И тоа на семафорот!
Откако беше откриено што се случува на улиците на Бангкок, двајцата возачи биле повикани во седиштето на компанијата за да објаснат што се случило.
Тие признале што сториле и биле казнети со 1.000 тајландски бахти (околу 27 евра).
https://youtu.be/Koc2xQgrBSU