Пандемијата на коронавирус несомнено ја одбележа 2020 година и значително ги промени нашите животи.
И додека повеќето сакаат да се ослободиме од вирусот што е можно побрзо и животот да се врати во нормала, некои решија да ги „украсат“ своите тела со тетоважи кои засекогаш ќе ги потсетуваат на пандемијата.
Тетоважите инспирирани од корнонавирусот се чини дека станаа тренд во светот во последните неколку месеци. Иако на прв поглед се чини страшно, интересно е што повеќето од нив се украсени со здрав хумор и голема креативност.
Некои избраа да оддадат почит и да покажат почит кон здравствените работници кои го носеа товарот. Други, пак, сакаа да го покажат мотивот на заштитна маска за лице во различен, понекогаш и хумористичен контекст, а многумина акцентот го ставаа на миењето на рацете.
Покрај горенаведеното, љубителите на тетоважите решија да нацртаат тоалетна хартија на нивните тела, што беше еден од главните „симболи“ на пандемијата, со оглед дека е купена во големи количини од луѓе ширум светот.
Џош Јанг, професионален мајстор за тетоважи, за порталот Bored Panda вели дека тој лично не забележал ненадеен тренд на раст на тетоважите инспирирани од коронавирусот, но дека тој веќе направил неколку тетоважи со натпис „Преживеав Ковид-19“ или ликови на медицински сестри со маска на лицето.
„Веројатно ќе ги има уште повеќе во наредните месеци, кога работите ќе се вратат во нормала барем малку. Импресиите се сè уште свежи и никој не знае во која насока ќе се развие пандемијата“, вели тату мајсторот.
Инаку, салоните за тетовирање беа затворени за време на вонредна состојба, а Џош верува дека луѓето имале доволно време да размислат и да ги дизајнираат своите тетоважи.
Сепак, не му се чини дека ковид 19 е добар извор на инспирација, со оглед дека толку многу луѓе умреле од оваа болест, и дека ако овој мотив веќе се користи, соодветно е да се стори тоа само во позитивна смисла. Но, тој додава дека не зависи од него да одреди каква тетоважа треба да прават луѓето.