Кумановец приведен со 20 пакувања марихуана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен кумановец вчера бил приведен, откако полицијата при претрес му пронашла 20 пакувања марихуана.

Loading...

– На 24.08.2020, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(23) од Куманово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 20 најлонски пакувања со марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

К.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply