СЗО: Вакцината нема да стави крај на пандемијата на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Има повеќе од 3,3 милиони луѓе инфицирани од коронавирост во Европа и повеќе од 205.000 смртни случаи од ефектите на пандемијата.

Европската комисија одлучи да купи најмалку 300 милиони дози потенцијална вакцина од компанијата AstraZeneca. Тоа е прва ваква европска нарачка за вакцинирање што е договорена однапред, што може да ги поткопа плановите на Светската здравствена организација (СЗО) за глобален пристап.

Билатералниот договор на ЕУ ги одразува потезите на САД и другите богати земји, а според иницијативата на СЗО, некои од нив се клучни.

Ова дополнително ги намалува потенцијалните расположиви материјали во трката за да се обезбеди ефикасна вакцина за „Ковид-19“, пишува Ројтерс.

Регионалниот директор на СЗО во Европа, Ханс Клуж ги предупреди земјите дека треба да бидат подготвени за претстојната сезона на грип.

„Ниту вакцината нема да стави крај на пандемијата. Пандемијата ќе заврши кога сите ќе преземат одговорност и ќе научат како да се справат со вирусот. И тоа зависи од нас. Тој ден би можел да биде утре,  вели тој.

„Се ближи и сезоната на грип. Од клучно значење е земјите да ги следат активностите на грип и да го зајакнат рутинскиот надзор на двата вируси и вакцинацијата против грип да се промовира меѓу групи во ризик. Ова е особено важно оваа година затоа што треба да ги заштитиме болниците и медицинскиот персонал кои веќе се соочуваат со короната, за да не бидат преоптоварени“, рече Клуж.

Leave a Reply