Мистериозна секта се појави во Франција: Влегуваат на фарми и убиваат коњи и магариња (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Сподели со своите пријатели

Француската полиција се обидува да ги пронајде луѓето кои безмилосно убиваат коњи и магариња низ целата земја веќе шест месеци.

Loading...

Во последните неколку недели, драстично се зголеми бројот на извештаи од локалното население, кои тврдат дека непознати лица го напаѓаат нивниот имот и ги колат и масакрираат нивните коњи. Ако нема коњи на фармата, тие сакатат магариња.

Пред неколку дена, во областа Клуни, непознати сторители убиле ждребе. Ждребето било заклано, а неговите гениталии и увото биле отсечени.

– Ноќта помеѓу 7 и 8 август, некој влегол во нашата фарма. Ждребето го фатиле со ласо, а потоа го прободеле во срцето. Тие ископале едно од неговите очи, и ги отсекле увото и гениталиите – тврди Луција Мартино.

 

 

Пред неколку недели, француските медиуми објавија дека биле пронајдени три трупови од коњи во регионот Пуј де Дом. Сите коњи имале отсечено по едно уво.

Loading...

Инспекторите велат дека имале и извештаи за убиства и осакатување на овие животни минатата година, но дека никогаш не успеале да ги пронајдат напаѓачите.

 

 

Ле Парисиен имал увид во полициското досие во кое истражителите наведуваат дека наишле на многу шокантни сцени на теренот.

– Некој ги осакатува коњите и им ги отсекува ушите што потоа ги чува како трофеи. Постои сомневање дека една секта стои зад сè – се наведува во извештајот.

Leave a Reply