Овој Бетмен предизвика општ ентузијазам на улиците на главниот град на Чиле, затоа што тој им помага на бездомниците со тоа што им дава храна за време на пандемијата на коронавирусот.
Човекот, кој изразил желба да остане анонимен, во костум на стрип херојот и со заштитна маска на лицето, секој ден им доставува десетина топли оброци на сиромашните.
„Погледнете наоколу што се случува… Ако можете, посветете малку време, дајте малку храна, засолниште, а понекогаш и збор за охрабрување на оние на кои им е најпотребно“, рече Бетмен од Сантијаго.
Според најновите податоци, повеќе од 390.000 луѓе се заразиле со коронавирусот, а 10.578 починале во Чиле.