Мачка од Тунис завршила во Германија, откако била заклучена во контејнер за испорака и во него минала преку Медитеранот, објави оваа недела германската полиција.
Loading...
„Таа веројатно„ се качила во приколката во Тунис“, рече портпаролот на баварската полиција.
Малиот патник го преминал морето и патувал по копно до германска компанија чии вработени ја повикале полицијата откако слушнале звуци од контејнерот.
Полицијата открила мачка која и покрај тоа што била гладна и жедна, била во добра состојба.
Мачката била згрижена од локален ветеринар.