За мразот на Гренланд повеќе нема спас, велат научниците

Сподели со своите пријатели

Мразот на Гренланд се стопи до точка по која нема враќање, а напорите за забавување на глобалното затоплување нема да го спасат од распаѓање, се вели во новата студија на истражувачите од државниот универзитет Охајо, пишува Си-Ен-Ен.

Loading...

– Дури и да ја вратиме климата каква што беше пред 20 или 30 години, се уште многу брзо би ја губеле масата – рече еден од авторите на студијата, професорот Јан Ховат.

Ледената плоча на Гренланд губи повеќе од 280 милијарди метрички тони мраз на топење годишно, што е најголем поединечен придонес за раст на глобалното ниво на морето, рече водечкиот автор на студијата, Микалеа Кинг.

Глобалното затоплување ја открива темната страна на Монт Еверест

Таа изјави дека загубата на мразот во последните години е толку голема што доведе до мерливи промени во гравитационото поле над Гренланд.

Топењето на мразот во Гренланд придонесува повеќе од милиметар за покачување на нивото на морето секоја година и веројатно ќе се влоши понатаму.

Авторите откриле дека по 2000 година, ледената површина се намалувала толку брзо што снежните врнежи не можат да го надоместат изгубениот мраз дури и ако климата се промени.

Leave a Reply