Луѓето кои оздравеле од коронавирусот се заштитени три месеци

Сподели со своите пријатели

Американскиот центат за контрола и превенција на болести неодамна ги ажурираше своите упатства и објави дека оние кои преживеале ковид-19 можат со сигурност да се движат и да се дружат со други луѓе три месеци, пишува Њујорк Тајмс.

Ова е извонреден додаток на упатствата на агенцијата и првата објава дека имунитетот кон вирусот трае најмалку три месеци.

Во јуни, една студија покажа дека нивото на антитела може да се намали за два до три месеци кај лица со потврдена инфекција кои имаат благи симптоми или воопшто ги немаат.

Сепак, антителата сè уште може да бидат присутни на ниско ниво, вклучително и под нивото на откривање.

Најновите упатства на оваа агенција одат малку подалеку.

„Луѓето кои се тестирале позитивно за коронавирус не треба да бидат ставени во карантин или повторно да се тестираат до три месеци ако повторно не развијат симптоми“, се вели во упатствата.

„Оние кај кои повторно ќе се јават симптоми во рок од три месеци од првото појавување на ковид-19, можеби ќе треба да бидат проверени доколку нема друга причина за нивните симптоми“.

Другите коронавируси, вклучително и оние кои предизвикуваат САРС и МЕРС, имаат антитела за кои експертите веруваат дека траат околу една година.

Во раните денови на ширење на вирусот во САД, научниците се надеваа дека антителата на новиот вирус ќе траат барем толку долго.

Студијата објавена во мај открила дека луѓето кои закрепнале од инфекцијата можат да се вратат на работа безбедно, но сè уште не е јасно колку долго можат да бидат заштитени.

Лекарите пријавија некои случаи кога се појавија луѓе кои се заразуваат втор пат по закрепнувањето од инфекција, но експертите рекоа дека поверојатно е дека тоа да е повторна појава на симптоми од првата инфекција.

Leave a Reply