Еден млад човек од Велика Британија малку бил изненаден кога го видел својот двојник на фотографија од 1905 година.
Мајкл Коропис бил збунет од фотографијата за која првин мислел дека го прикажува него, само за наскоро да сфати дека таа датира од Викторијанското време.
24-годишниот од Стокпорт вели дека некој му испратил фотографија на Инстаграм затоа што мислел дека станува збор за него.
„Зачуден сум кога сфатив дека не сум јас, имаме иста коса, иста форма на лице, нос и стил на облекување“, рече тој.
За да се увери дека фотографијата не е лажна, тој се фрлил во потрагата и открил дека е направена пред 115 години. Таа го покажува неговиот двојник, маж во раните дваесетти години, кој ја гледа својата нова сопруга.
https://www.instagram.com/p/CABDx_FHUG1/?utm_source=ig_embed
Мајкл вели дека секогаш бил фасциниран од викторијанската ера, па дури и ја посветил својата гардероба и начин на живот на таа ера.
„Сега тоа може да биде заради мојот минат живот“, вели тој.
Тој додава дека многу луѓе го нарекле патник низ времето, но тој не знае што да мисли.
„Мора да е најбизарното нешто што сум го видел досега, навистина личи на мене“, рекол тој.
Мајкл се вози низ градот на антички велосипед, пишува со перо и одбива да гледа телевизија, а сега верува дека овие интереси потекнуваат од неговиот минат живот.
„Не знам ништо за човекот од фотографијата во 1905 година, но од изгледот на неговата облека би рекол дека е до Велика Британија или САД. На почетокот се исплашив од таквата сличност затоа што никогаш не сум видел нешто слично на тоа, но сега се чувствувам како да ја гледам мојата неодамнешна фотографијата, иако тоа, се разбира, не е случајот. Сега сум убеден дека сум имал минат живот“.
https://www.instagram.com/p/CBnz-OAH5hX/?utm_source=ig_embed