Велика Британија има потпишано договор за набавка на 60 милиони дози на можна вакцина за КОВИД-19 што ја развиле Sanofi i GlaxoSmithKline и тоа е четврт ваков аранжман од страна на британската влада, пренесува Ројтерс.
Досега не е одобрена вакцина за КОВИД-19, респираторно заболување предизвикано од новиот коронавирус SARS-CoV-2, поради кој починаа повеќе од 659.000 луѓе и ги опустошија светските економии.
Финансиските точки на договорот не се објавени, а Санофи и ГСК соопштија дека во случај клиничките резултати да бидат позитивни, очекуваат одобрување од регулаторното тело за нивната вакцина во првата половина на 2021 година.
Ова е прв договор помеѓу Санофи и ГСК за испорака на експериментална вакцина за КОВИД-19 во земјата, пренесува Хина.
Преговори со ЕУ, Италија и Франција
Имено, британските министри ја потенцираат важноста за обезбедување набавки на неколку различни кандидати за ефективна вакцина навреме, иако, како што велат, „нема гаранции“.
Велика Британија обезбеди 30 милиони дози на експерименталната вакцина од BioNTech / Pfizer минатата недела и во принцип постигна договор за 60 милиони дози на вакцината Валнева, со можност за набавка на дополнителни 40 милиони дози, доколку вакцините се покажат безбедни, ефективни и соодветни.
Овие договори следуваа по претходно најавените со AstraZeneca, за производство на 100 милиони дози потенцијална вакцина што се развива во партнерство со универзитетот Оксфорд.
Санофи во вакцината го комбинира својот антиген С-протеин СОВИД-19, кој се заснова на рекомбинантна ДНК технологија и иновативна технологија ГСК, која вклучува употреба на супстанции за зајакнување на имунолошкиот систем.
Санофи и ГСК потврдија дека се во преговори со ЕУ, Италија и Франција за испорака на 300 милиони дози на вакцината.