Кога работите во директен контакт со луѓето, сфаќате колку трпение и самоконтрола ви се потребни, за да ја завршите работата.
Станува сосема јасно дека за успехот на работа се задолжени карактеристиките како што се упорноста, самосвесноста, самоконтролата, а за кои е заслужно нивото на емоционална интелигенција. Луѓето со висока или ниска емоционална ителигенција се раѓаат, но тоа не значи дека нејзиниот коефициент не може да се зголеми во текот на животот.
Со помош на овие прашања можете да проверите како кај вас се рангираат главните компоненти на емоционалната интелигенција.
Емпатија: „Дали навистина ги слушам луѓето кога зборуаат за своите проблеми, или само се обидувам да им дадам решение? Дали луѓето ми веруваат?
Емоционална самосвесност: „Кога телото ми дава физички сигнали дека нешто е погрешно, дали на тоа обрнувам внимание и добивам чувство дека нешто не е во ред?“
Самоактуелизација? „Дали во животот прават работи околу кои сум страствен – дома, на работа, во друштвото?“
Контролна на импулси: „Дали одговарам на луѓето пред да завршат со она што имаат да го кажат?“
Меѓучовечки односи: „Дали уживам во дружењето со луѓето или се чувствувам како тоа да е работа?“
Можеби овие прашања ви делуваат апстрактно, затоа што на нашите мисли и однесување влијаат многу фактори, а за многу од нив воопшто и не сме свесни.
Некои од прашањата кои можат да утврдат колку сте емотивно ителигентни се:
Не завземам одбранбен став кога некој ме критикува.
Можам да останам мирен/мирна и кога сум под притисок.
Можам да се носам со пречките.
Управувам со анкциозност, стрес и лутина за да ги постигнам целите.
Користам критика и други повратни информации за да напредувам.
Имам позитивен став.
Имам симсла за хумор.
Се обидувам да ги гледам работите од поинаква перспектива.
Забележувам како моето однесување влијае на другите.
Знам да се пожалам вешто.
Можам да слушам без осудувања.
Можам слободно да признам дека сум направил/а грешка.
Ако сите одговори ви се ДА, тогаш сте на добар пат.