Една домашна мачка стана првото животно во Велика Британија кај кое беше потврдено присуството на коронавирусот, пишува Дејли Меил.
Се верува дека мачката е заразена од нејзините сопственици.
Официјалните лица не кажаа која раса е оваа мачка или кои се нејзините сопственици.
Потврдено е дека и мачката и нејзините сопственици закрепнале и дека не постои опасност да се пренесе вирусот на никого.
Официјални лица изјавија дека нема докази дека мачката го пренела вирусот на сопствениците и ги повикале да ги мијат рацете пред и по контакт со миленичиња.
Експертите потврдија дека ова е редок случај на домашни животни кои се заразуваат со Ковид-19, дека само неколкумина се пријавени во Европа, Северна Америка и Азија и дека во сите претходни случаи клиничката слика била многу слаба.