Примал 16.150 евра месечно и не работел ништо, па ја тужел фирмата

Сподели со своите пријатели

Антоан Зенон имал „работа од соништата“. Тој не работел ништо и добивал плата од 16.150 евра месечно.

Loading...

Единствено што требало да стори беше да доаѓа на работа секое утро како извршен директор на компанијата „Лафарж Холцим“ и да си оди дома во соодветното време, и тоа е тоа. А за тоа време, излегувал и шетал или спиел на работа или гледал филмови, тоа била неговата работа.

Кога „Лафарж“ го најавил прераспоредувањето на персоналот во 2015 година поради спојувањето со Холцим, Зено се надевал дека ќе добие огромна сума, исплата за отпремнина од 2 милиони долари. Тоа не се случило, па тој ја тужел фирмата.

Од компанијата му рекле дека нема право да учествува во програмата, а тоа го потврдија судиите во Франција, трипати.

Апелациониот суд во Париз пресуди дека Зено не може да ги добие парите наменети за социјалната програма, затоа што тој веќе прифатил трансфер на работна позиција во Сингапур.

Зено побарал околу 2,1 милиони евра. За да се избегне судски спор на суд, „Лафарж“, според пресудата, му исплаќал надоместок од 16.195 евра месечно, со одредбата дека не мора да биде ангажиран на ниту едно работно место.

Leave a Reply