Опасното животно се паркирало на влезот во нивната куќа во потрага по сенка и не сакало да се помери и покрај сите напори на членовите на семејството да го избркаат.
Семејството од Флорида се обидело на секој начин да го избрка ѕверот, но без успех.
Карина и Џон Панер од Флорида доживеаја непријатно изненадување на 30 јуни кога виделе алигатор долг три метри на влезната врата.
Она што било уште пофасцинантно за парот е фактот дека алигаторот немал една предна нога, па затоа не им е јасно како воопшто дошол до нивната куќа.
Продава бизарна чанта: Изработена од ‘рбет на дете и јазик од алигатор
Алигаторот уживал во сенката во близина на знакот „Добредојдовте“, а семејството морало да истрча низ прозорецот до портата и да стави известување за поштарот да не влегува ниту случајно за да остави пошта, затоа што имаат алигатор пред вратата.
На крајот, спасувачите морале да дојдат на местото на настанот и да го пренесат овој хендикепиран алигатор на безбедна локација.
Се сомнева дека ги изгубил екстремитетите во борба со посилен противник и дека не може да преживее во природа, па затоа бил сместен во засолниште.
https://www.facebook.com/crocencounters/posts/3501647573187017