На популарниот сервис Live Leak, објавено е видео, претпоставуваме од Шпанија или Латинска Америка, кое за кратко време го обиколи светот преку социјалните мрежи.
Loading...
Видеото е снимено во црквата за време на свадбата, каде што овој потег на младоженецот ја натера и неговата идна сопруга да се насмее.
Имено, во моментот кога свештеникот го изврши обредот и со рака направи крст како знак на благослов, младоженецот, очигледно поради трема, помисли дека треба да се ракува.
Свештеникот не обрна премногу внимание, се насмеа срдечно и продолжи со церемонијата, но невестата не можеше да го потисне нејзиното смеење.