Кога парчето пица за Инстаграм фотографија ќе заврши во канџите на галебот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Блогерот Гиан Ендру Сквадрил сними неверојатен момент. Имено, овој италијански блогер за храна сакаше да фотографира вкусна пица во воздухот. Тој ја пронајде совршената локација.

Loading...

Се наместил покрај брегот на градот Соренто, зел парче пица во раката, започнал да снима, а потоа одеднаш во игра влезе гладен галеб и буквално ја грабна пицата од неговата рака.

Сето тоа се случи толку брзо што Гиан дури немаше време да реагира.

Тој ја сподели снимката со армијата на неговите фанови набргу по необичниот инцидент.

„Луѓе, не верувам. Ова ми се случи за прв пат. Галебот ме ограби. Јас сум во шок, се колнам. Тој го стави целото парче во својата уста и скоро ми го откорна прстот“, напиша изненаден Гијан, па се пошегува дека е ризик од работата на инфлуенсерите.

 

https://www.instagram.com/p/CCv4eEgCCaE/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply