Внимавајте на вашето куче: Во лето може да ја „закачи“ оваа болест

Сподели со своите пријатели

Ерлихиоза е една од болестите која на кучињата можат да им ја пренесат крлежите. Причинител на болеста е рикеција од родот Ehrlichia.

Loading...

Кога овој микроорганизам ќе дојде во организмот на кучето тој ќе навлезе во белите крвни зрнца и псотепено ќе ги зафаќа и оштетува леукоцитите, а како последица на тоа може да се јавуваат симптоми на болеста.

СИМПТОМИ

Симптомите и сериозноста на текот на болеста зависат од видот на ерлихија и од имунолошкиот систем на вашето куче. Кај нас најчести причинители се Erlichia canis i Erlichia ewingii. Erlichia canis предизвикува тешка клиничка слика со јасно изразени симптоми. Болеста може да има неколку фази.

Акутната фаза се јавува во првите неколку недели по инфекцијата и ретко е фатлна. Може да дојде до заздравување или кучето да влезе во „субклиничка фаза“ која може да трае со години и тоа без симптоми. Потоа кучињата обично преминуваат во хронична фаза на болеста која може да развие сериозни симптоми. Во пракса е тешко да се разликуваат овие фази.

Најчести симптоми се:

Покачена телесна температура

Летаргија

Loading...

Губење на апетит

Абнормално крварење (од носот или точки од крварење по кожата)

Зголемени лимфни јазли

Зголемена слезина

Оток и болки во зглобовите

Скрет од очите и носот

Повраќање и дијареја

Невролошки симптоми

Loading...

 

 

ДИЈАГНОЗА

Сомнежите на ерлихиоза покрај клиничките симптоми може да ги даде и наод од крвна слика на кучето во кој се гледа намален број на тромбоцити со намалени еритроцити или бели крвни зрнца. Понекогаш дијагнозата може да се постави врз основа на размена на крв кога во леукоцитите може да се види ерлихија. Меѓутоа, за да дефинитивно се постави оваа дијагноза неопходно е да се зеде примерок од крв и да се набрави брз тест на ерлихија.

ЛЕКУВАЊЕ

По поставената дијагноза важно е што побрзо да започне лекувањето на кучето. Ерлихиозата успешно се лекува со антибиотски третман, но потребно е лекувањето да трае неколку недели. Во зависност од општата состојба на кучето и симптомите кои се јавуваат во почетокот на лекувањето ветеринарот ќе вклучи и потребна симптоматска терапија.

ПРЕВЕНТИВА

Loading...

Основната превентивна мерка е примена на препарати кои ги штитат кучињата од крлежи. Исто така, важно е по секоја прошетка да го прегледате кучето и да проверите дали случајно некој крлеж се закачил за него.

Leave a Reply