Кога ќе завршат со нивните тешки смени во ковид болниците, со пациенти заразени со коронавирусот, медицинските сестри малку размислуваат за било што друго освен да одат во нивните домови и да бидат со своите семејства.
Сепак, тоа не важи за медицинската сестра Дамарис Силва (26) од Сантијаго, главниот град на Чиле, која по тешката смена во болницата ја зема виолината и свири на неа позната латиноамериканска песна за пациентите со коронавирус.
Со својата виолина, овој млад медицински работник шета низ салата и со тоа ги поздравува пациентите кои ѝ возвраќаат со аплауз и се насмевнуваат.
Пијана медицинска сестра возела 11 километри на автопат во спротивна насока (ВИДЕО)
Болницата каде што работи се наоѓа во сиромашниот дел на Сантијаго, во населбата Ла Пинтана.
– Мојата цел е да им дадам на овие луѓе малку љубов, надеж, верба со звуците на мојата виолина. Секогаш кога свирам, тоа го правам од срце – рече Силва.
https://youtu.be/vygxT_s3RlE