На индонезискиот остров Бали, сопствениците на хотелите погодени од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 се принудени да ги стават на продажба своите имоти.
Ова особено следеше по одлуката на надлежните да не ја отворат сезоната пред есента. И додека некои се борат за живот, инвеститорите, можеби од другата страна на светот, можат да ја искористат оваа уникатна можност и да купат „парче рај“ по многу подобра цена.
На пример, одморалиште со 50 вили, што се гради во близина на популарната плажа за сурфање, се продава за 9 милиони долари, што е значително помалку од првично побараната цена од 17 милиони долари.
Хотел со две ѕвездички и 140 соби, популарен кај бекпекери, ставен е на продажба во мај за 7,7 милиони долари. Иако застојот на меѓународните патувања уништи дестинации како Тајланд или Хаваи, се проценува дека Бали е „поранлив“ од другите.
Туризмот сочинува повеќе од 60 проценти од економијата на островот, обезбедувајќи работни места за сите: од готвачи и чистачи во одморалишта со пет sвездички, до самовработени водичи и возачи.
Рекордни 6,2 милиони патници ги посетиле плажите, хотелите и центрите за јога во Бали во 2019 година. Оваа година, туристичките пристигнувања се намалени за 22%, на 1,04 милиони во првиот квартал.