Отвориле книга стара пет векови и во неа пронашле нешто навистина неочекувано

Сподели со своите пријатели

Емили Дуриш, помошничка на чувар на ретки книги и рани ракописи на Универзитетската библиотека во Кембриџ, никогаш не сонувала до какво откритие ќе се дојде при вообичаеното гледање на старите книги.

Loading...

Додека ги разгледувала собраните дела на Свети Августин, во еден ракопис кој датирал од ренесансата, Емили Дуриш нашла сплескана, исушена, делумно изедена, веројатно, торта или овошен колач.

Дуриш ја извадила оваа книга од полицата со цел едно парче од ретката колекција на книги да заврши на интернет. Една од предностите на ваквите работни места е тоа што се направени некои нови откритија, иако, таа признава, тие откритија се претежно неплодни.

Невозможно е да се каже како закуската влегла во книгата. Сигурно е дека тоа не се случило за време на објавувањето на книгата во Швајцарија некаде помеѓу 1528 и 1529 година.

Дуриш има една теорија за оваа работа. Кембриџ ја добил оваа книга од машко училиште што е основано пред 450 години. Во текот на седумдесеттите години на минатиот век, ова училиште донирало над осумстотини наслови на Кембриџ затоа што тие имаат подобри услови за зачувување стари ракописи и книги.

– Убедени сме дека вработените во нашата библиотека нема да дозволат никој да фрли торта во неа додека ја разгледува книгата – напишала Дуриш.

 

Loading...

 

Таа верува дека е поизвесно дека тортата стигнала до книгата за време на нејзините училишни денови кога на питомците на училиштето им било полесно да ја заборават закуската во книгата.

Јасно е дека ова е само претпоставка и дека потеклото на тортата ќе остане мистерија засекогаш.

Ова не е првпат Дуриш и нејзините колеги да најдат необични предмети во старите книги. Со текот на годините, тие пронајдоа цветни ливчиња, ноти, делови од средновековни книги, па дури и непозната песна на холандскиот научник и уметник Еразмо од Ротердам.

Еден од колегите на Емили Дуриш открил стар клуч во стара книга, кој, откако го отстранил, оставил ‘рѓосан отпечаток на хартијата. Оваа торта, за среќа, ќе остави само мала масна дамка зад себе.

Откако екипата од конзерваторскиот тим ја отстранила тортата и ги исчистила страниците, книгата била вратена во полицата каде што припаѓа.

Leave a Reply