Дали сте под стрес затоа што имате чувство дека вашата куќа е секогаш неуредна и покрај напорот што го вложувате во чистење? Повеќето родители можат да се идентификуваат со ова.
Но, една студија на д-р Кетлин Вос од Carlson School of Management на Универзитетот во Минесота откри дека живеењето во неуреден дом ви помага да прифатите нови работи и да дојдете до креативни идеи!
Имено, за време на низата експерименти, истражувачите откриле дека луѓето што живеат во „хаос“ и неуредни домови, имаат веројатност да работат за добротворни цели, среќни се што наоѓаат нови решенија за старите проблеми и сакаат да пробаат нова храна, пренесува „Practical Parenting“.
„Се чини дека неуредната околина ги инспирира луѓето да ја напуштат традицијата, што може да донесе освежување во животот“, рече Кетлин Вос, објаснувајќи: „За разлика од тоа, уредната околина поттикнува сложување и играње на безбеден начин“.
Значи, се чини дека ако сакате вашите деца да станат креативни, дарежливи возрасни кои се подготвени да прифатат нови предизвици – не дозволувајте да бидете загрижени за расфрланите играчки.