Црна Гора ги легализираше геј браковите

Сподели со своите пријатели

Црногорскиот парламент го донесе Законот за животно партнерство на лица од ист пол, така што геј лицата ќе ги имаат истите права како и хетеросексуалните парови, освен да посвојуваат деца.

Loading...

Законот беше предложен од владата и беше донесен благодарение на гласовите на опозициската Социјалдемократска партија, затоа што малцинските партии кои се дел од владејачката коалиција не гласаа „за“.

Законот не содржи експлицитна одредба според која геј луѓето можат да посвојуваат деца, но им дозволува да се грижат заедно за децата на еден од партнерите.

Законот предвидува геј лица да се омажат, да наследуваат едни од други, да имаат заеднички имот, право на пензија и социјално осигурување, посети во болници, да се грижат за децата заедно, но и обврска да се грижат за детето на нивниот партнер доколку нема близок роднина.

Исто така е пропишано дека партнерот кој не е родител на детето, мора да ги издржува децата на другиот партнер доколку немаат роднини кои се законски должни да ги поддржуваат, или роднините немаат можност да го сторат тоа.

Обврската на партнерот постои дури и по смртта на родителите на детето.

Законот предвидува дека партнерот на геј лице кое има дете има право да донесе одлука што е најдобра за детето во итни случаи, кога детето е во непосредна опасност.

Иако беше предложен од владата пред една година, законот не беше донесен од Парламентот, затоа што не беше поддржан од малцинските партии.

Loading...

Невладините организации оценија дека усвојувањето на законот е историски чекор во борбата за човековите права на ЛГБТ луѓето во Црна Гора.

Leave a Reply