Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ откако ги ископа двете најголеми парчиња танзанит, еден од најретките минерали во светот.
Санину Лаизер заработи 7,7 милијарди танзаниски шилинзи, или 3,4 милиони долари, со продажба на двете парчиња танзанит, тешки 9,2 и 5,8 килограми.
До сега најголемиот ископан танзанит тежел 3,3 килограми.
„Фокусот, решеноста, многу напор и упорност се мојата тајна. Сакам да им се заблагодарам на сите“, рече Лаизер.
52-годишниот рудар, кој има четири сопруги со кои има повеќе од 30 деца, вети дека ќе ја заколе една од своите крави за да слави.
Тој ќе го искористи своето ново богатство за изградба на училиште и трговски центар.
Танзанит е еден од најретките минерали во светот и може да се ископа само во мала област на Танзанија со површина од 14 квадратни километри.