И покрај пандемијата отворен фестивалот на кучешка храна во Кина (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јулин се наоѓа на југот на Кина, а традиционалниот десетдневен фестивал обично привлекува илјадници посетители.

Loading...

Контроверзниот фестивал на месо од кучиња беше отворен во Јулин, Кина, и покрај фактот дека земјата сè уште се бори против епидемијата на коронавирус и дека продажбата на месо од разни животни е „под лупа“.

„Дејли мејл“ објави неколку вознемирувачки фотографии и снимки на кои се прикажани учесниците на фестивалот, но и низа убиени кучиња. Посетителите, се разбира, не носат маски.

На една од снимките се гледаат посетителите кои седат на маса чекајќи го својот дел од месото.

– Оваа година, фестивалот за кучешко месо е ист како порано – рече Ду Јуфенг, активистка за права на животните, која го посети Јулин со уште шест колеги во текот на викендот во знак на протест против настанот.

Таа рече дека е преполн за време на викендот и дека месарите едноставно ги легнале кучињата на тезгите.

– Еден од активистите се преправаше дека е купувач, па го праша месарот дали имаат живи кучиња. Тој рече дека ги убиле сите дома, а не тука. Локалната власт дури и не се обиде да го запре фестивалот заради епидемијата или да ги предупреди луѓето да не доаѓаат. Тие целосно игнорираа сè за да заработат пари – рече таа.

 

Loading...

Leave a Reply