Казината, теретаните и фитнес центрите ќе се отворат, но под строги услови и протоколи за работа, ова е препораката која Комисијата за заразни болести денеска ја упатила до Владата.
– Да се отворат според строги протоколи казина, автомат клубови и ВЛТ апарати во обложувалниците, да функционира јавниот превоз во Битола и кон крајот на ова недела отворање на теретани и фитнес центри согласно веќе утврдените протоколи кои за сите овие оператори комисијата ги работеше со претставници на нивните здруженија, изјави денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој ја информираше јавноста дека денеска и утре Комисијата за заразни болести ќе дебатира за евентуално отворање на границите и протоколите според кои ќе може да се патува.
Никола Ивановски