Од овој месец, руските хотели се должни да ја известат санитарната инспекција за вонбрачните парови кои ќе останат како нивни гости, пишува владиниот весник „Росијска газета“.
Барањето до хотелите го испрати самата санитарна инспекција (Роспотребнадзор), се вели во дневниот весник.
Хотелите ќе треба да обезбедат докази до претставниците на тој оддел дека паровите кои престојуваат во нивнит есоби се во брак.
Правилата воведени во јуни бараат хотелот да сместува по едно лице по хотелска соба, покрај членовите на семејството. Ако има невенчани парови во иста просторија, хотелот ќе мора да даде објаснување.
„Развиени се препораки за хотелскиот бизнис и товарот за докажување на семејниот статус спаѓа во сферата на одговорност на хотелот“, објаснуваат од Роспотребнадзор.