Фудбалерот на Гана бил принуден да мине повеќе од два месеци на аеродромот во Мумбаи, бидејќи Индија ги затвори сите аеродроми и авиосообраќајот заради пандемијата на коронавирусот, објави Си-Ен-Ен.
Ренди Хуан Милер, кој го прослави својот 23-ти роденден на аеродромот, одлетал за Индија на 7 ноември заради шестмесечен договор со клубот ОРПЦ од Керала на југот на таа земја.
Грција ќе ги тестира оние кои доаѓаат од ризични аеродроми
Како што се ширела пандемијата, Милер резервирал лет назад кон Гана на 30 март. Една недела пред летот, тој пристигнал во Мумбаи со воз.
„Се зборуваше за можно затворање на границите и сообраќајот, па дојдов порано во Мумбаи за да се уверам дека нема да го пропуштам летот“, вели младиот фудбалер.
Бидејќи не му останале многу пари, тој имал проблеми со наоѓање соба за изнајмување, а кога ја објаснил ситуацијата во полицијата, му рекоа да оди на аеродромот.
Германец останал заглавен во транзитот па 50 дена живеел на аеродром
Три дена подоцна, индискиот премиер Нарендра Моди најави 21-дневно затворање на границата и сите меѓународни летови беа откажани.
Одлучил да чека на аеродромот, но првичниот карантински период беше продолжен.
„Персоналот на аеродромот беше многу внимателен кон мене. Ми донесоа храна и многу ми помогнаа. Еден од чуварите дури и ми даде мобилен телефон кога мојот се оштети“, рече Милер.
Тој го повикал конзулатот на Гана во Мумбаи, но му било кажано дека нема ништо што може да направат за него додека границите биле затворени.