Владата закажа седница, Филипче прес конференција

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија денеска во 15 часот ќе одржи седница.

Loading...

Се очекува да се произнесе по предлогот на Комисијата за заразни болести за полициски час од 22 часот до 05 часот за Куманово, Липково, Скопје, Штип и Тетово.

Веќе во 16 часот прес конференција ќе одржат министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски и директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери, на која се очекува да ја соопштат одлуката.

Никола Ивановски

Leave a Reply