Угостителските објекти ќе работат до 20 часот

Сподели со своите пријатели

Угостителските објекти од утре ќе работат само до 20 часот и само под посебен протокол.

Loading...

Како што соопшти денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши, угостителите ќе работат до 20 часот, а притоа нема никакви одлуки за тоа дека повеќе од двајца луѓе ќе може да седат на иста маса само ако се членови на исто семејство.

–  Според протоколите, ќе се гледа на начинот на организирање на просторот и дезинфекцијата, како и однесувањето на клиентите и дистинцата на масите од 10 метри квадрати. Што се однесува до членови на семејства или не, нема таква одлука за тоа, рече Бектеши.

Информацијата која претходно струше по социјалните мрежи дека на иста маса можат да седат само две лица ако не се од исто семејство, или четири ако се членови на семејство, според министерот Бектеши е шпекулација.

Протоколите за работа на угосителите, кои засега не се објавени јавно, биле изготвени на вчерашната седница на владата и претрпеле сериозни измени од оние кои првично биле доставени до Комората на угостители.

Сепак, според протоколот, на една маса нема да можат да седат повеќе од четири лица.

Никола Ивановски

Leave a Reply