Најголема опасност за пренесување на вирусот се приватните собири, вели Филипче

Сподели со своите пријатели

Приватните собири, групирања и прослави се најголема опасност за пренесување на вирусот во овој период, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Тој упати апел граѓаните да се воздражат од ваквите активности.

– Нема да може да се бориме како здравствени работници ако неммаме поддршка и не се придржуваме до овие препораки. Има многу граѓани кои ги почитуваат мерките, но и такви кои не го почитуваат, апелирам до институциите кои вршат контрола да продолжат за да не пропаднат сите жртви кои ги вложивме и да се вратиме на почеток, рече Филипче.

Зголемениот број на случаи во изминатите денови, според министерот, се должат на олабавувањето на мерките и поголемото движење на граѓаните.

Како што појасни Филипче, тоа е случај и во другите земји, како Бугарија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.

Првата битка, вели, ја добивме, но борбата не е завршена.

– Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Успешно го амортизиравме првиот удар, со контролираниот број нови случаи, не се преоптерети капацитетот во ниту една болница, се поради мерките и отсега со строго почитување на сите мерки може да  ја задржиме епидемијата под контрола, изјави Филипче.

Рестриктивните мерки се намалуваат со цел враќање на животот во нормала, појаснува тој, но ова може да се одржи само ако граѓаните ги почитуваат мерките, а институциите ги спроведуваат контролите.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply