Се продолжуваат дозволите за престој на странски државјани во земјава

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи, согласно уредба на Владата на РСМ, ќе ги продолжи дозволите за престој во земјава на странски државјани за време и по завршување на вонредната состојба, односно заклучно 31 август 2020 година.

Loading...

– Периодот на престој се продолжува, како за времетраење на вонредната состојба, така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година. Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година, информираат од МВР.

Полицијата им укажува на сите странски државјани да ја следат ситуацијата во следниот период, имајќи ја предвид најавената нормализација на состојбата со граничните премини.

– Имајќи предвид дека во наредните месеци очекуваме постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, им укажуваме на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци, велат од МВР.

Службата за странци на централно ниво на МВР, како и подрачните единици за странци, ви стојат на располагање за сите прашања во врска со регулирање на вашиот статус во државата.

Контакт податоци:

  1. Единица за странци и реадмисија (Оддел за гранични работи и миграции): e-mail: [email protected], телефон: +389 2 314 4478
  2. Отсек за странци и реадмисија за град Скопје (РЦ за ГР Север):

e-mail:[email protected], телефон: +389 72 911 728

Leave a Reply